Ако се дрогирав, зарем ќе бев толку убав?

Скандал-мајсторот на српскиот фудбал, некогашниот играч, а сега тренер Ненад Лалатовиќ повторно го привлече вниманието откако во интервју за „Ало“ кажа доста интересни работи, одговори и на обвинувањата од колегата Милорад Косановиќ дека пуши трева и дека е отиден со мозокот.

„Навистина изјавата на Косановиќ не е на место. Не знам што сакаше да каже со тоа дека сум бил надуван. Има ли некаде фотографија на која се гледа дека пушам марихуана? Па видете како изгледам. Сè поубав сум, сè помлад, здрав сум. Секој ден трчам по десет километри. Што и да мислел чичко Мишо со изјавата дека сум надуван, не му замерувам. Ме има тренирано како дете, го почитувам, а сега е во сериозни години, под стрес е“, вели 42-годишниот Лалатовиќ, кој смета дека луѓето погрешно го доживуваат бидејќи секогаш отворено го кажува тоа што го мисли.

- Оглас -

Најнови вести