Ако се откаже Финалисима, Шпанија на крајот на март ќе игра против Србија

Неизвесноста околу Финалисима продолжува, УЕФА, КОНМЕБОЛ, РФЕФ и АФА уште се немаат договорено каде ќе се игра мечот помеѓу европскиот и јужноамериканскиот првак.

Аргентина го изрази својот гнев поради протекувањето на информациите за опцијата за „Бернабеу“ во Мадрид без претходна најава и консултација со нив. Тие инсистираат да се игра на неутрално место што повлекува безброј проблеми: безбедност, организација, билети…

Аргентинците имаат позитивно искуство од финалето на Копа Либертадорес одиграно на Бернабеу помеѓу Ривер плејт и Бока јуниорс на 9-ти декември 2018 година.

Во игра се повеќе варијанти, меѓу кои и најнепопуларната, да нема финалисима. Во тој случај, ќе треба да се прават претумбации, па Србија која требаше да игра во март со Катар и Саудиска Арабија, а мали се шансите тие дуели да се одиграат во Доха, би можела да гостува во Мадрид кај Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести