Ако се прашува Шалке, сезоната подобро да не продолжеше (видео)

Веќе убедливи 3-0 има тимот на Борусија Дортмунд против Шалке во дербито на 26-тото коло во Бундеслигата. Торган Азар во 48-та минута го зголеми водството на домаќините, а да се прашува Шалке сезоната подобро да не продолжеше.

Тимот од Гелзенкирхен го снајде потоп за помалку од еден час игра, откако претходно Халанд и Гереиро ја тресеа мрежата во корист на Дортмунд.

Во меѓувреме Аугзбург израмни на 1-1 против Волфсбург, а нема промени на останатите средби.

https://twitter.com/superligvideo_1/status/1261667462141095936

- Оглас -

Најнови вести