Ако си оди од Баерн, Левандовски би се преселил само на едно место

Цезари Кухарски, кој е поранешен менаџер на Роберт Левандовски, за полските медиуми изјави дека неговиот некогашен клиент би  заминал од Баерн Минхен само во некоја сончева земја како Шпанија, а Реал Мадрид му е првиот избор. Кухарски тврди дека сопругата на Левадовски не ги сака Франција и Англија.

„Можевме да се бориме за трансфер во Реал или подолг договор со Баерн, но не сакавме да ризикуваме и евентуално да пропадне работата. Во мојата менаџерска работа и фудбалскиот бизнис, никогаш не го ризикувам клиентот. Роберт имаше понуда од ПСЖ, но неговата сопруга не сака да живее во Франција или Англија. Би заминале само некаде каде што има сонце, како Шпанија. Но, по промената на менаџерот, мислам дека за него веќе не постои шанса да се пресели во Реал Мадрид“, смета Кухарски.

- Оглас -

Најнови вести