Ако замине Чоло, Покетино, Емери и Бордалас ќе се тркаат за клупата на Атлетико

Атлетико Мадрид има подготвен список со три имиња на врвни тренери што би го замениле Чоло Симеоне ако Аргентинецот си замине ова лето од клубот што го предводи од клупата од 2011 година.

Ваква информација објави официјалниот сајт на клубот на француски јазик, а наведени се имињата на Маурисио Покетино, Унаи Емери и Жозе Бордалас.

Најголеми шанси има Покетино, кој се уште е без работа, откако се раздели со Тотенхем лани во ноември. Шанса секако имаат и Емери, кој е искусен стратег со добри резултати во Севилја и нешто поскромни како кормилар на ПСЖ и на Арсенал.

Можно решение е и Бордалас, кој прави чуда со Хетафе и во Шпанија го сметаат за еден од најдобрите тактичари.

Сепак, сите овие комбинации се во доменот на шпекулациите бидејќи сè уште не е извесно дека Симеоне ќе си оди од Мадрид и дека ќе ја напушти тренерската функција во Атлетико што ја обавува веќе десетта сезона.

- Оглас -

Најнови вести