Акробациски „ножички“ на Белоти, Торино уште има шанса за топ 4 (видео)

Торино славеше со 3-2 против Сасуоло во мечот од 36-тото коло во Серија А. Биковите дојдоа до многу значајни три бода со кои ги задржаа шансите за пласман меѓу првите четири екипи во италијанскиот шампионат.

За славјето во Торино домаќините доста се намачија. Во два наврати беа во негатива од еден гол, но голгетерското дуо Белоти-Заза не дозволи разочарување на публиката. Интересно, фудбалерот на Сасуоло Мехди Бурабија го постигна голот за 1-0 во корист на гостите, а по претераната прослава доби втор жолт картон и беше исклучен од средбата.

Тоа ги мотивираше играчите на Торино да тргнат по трите бода. Белоти израмни на 1-1 во 56-тата минута, но Сасуоло поведе и со 2-1 преку Лирола во 71-та минута. Пресвртот го најави Заза во 81-та минута, а веќе во следниот напад Торино сврте на 3-2, со фантастичниот погодок на Белоти. Капитенот на Биковите можеше да реализира хет-трик, но во првото полувреме беше непрецизен од белата точка.

Торино по овој меч има 60 бода и е на шестото место на табелата, со два помалку од Милан, односно три бода помалку од четвртопласираниот Интер. Сасуоло со 42 бода остана на 10-тото место.

https://www.dailymotion.com/video/x7847rj

- Оглас -

Најнови вести