Актуелната шампионка на САД не знае кога пак ќе игра тенис

Наоми Осака, моменталната трета најдобра тенисерка во светот и актуелна шампиoнка на САД, ноќеска претрпе елиминација во мечот против 18-годишната Лејла Фернандерс, па ја шокираше јавноста со одлуката привремено да се повлече од тенисот.

Осака се мачи со психолошки проблеми, како што кажа самата, победите веќе не ја прават среќна, додека пак секој пораз негативно ѝ влијае врз менталното здравје.

„Мислам дека ќе направам пауза, не знам кога повторно ќе играм тенис. Моментално сум во таква ситуација, не сум среќна кога победувам, додека поразите уште повеќе ме растажуваат“, посочи најдобрата јапонска тенисерка.

Осака загуби од младата Канаѓанка по три сета, па сега Фернандес ја чека борба за четвртфинале против Анџелика Кербер.

- Оглас -

Најнови вести