Актуелниот европски првак се откажа: Нема да играме во плејофот

Анадолу Ефес синоќа загуби на гостувањето во Берлин од Алба со 95:93, неуспех по кој тренерот на турксиот тим, Ергин Атаман, се предаде. Ефес е клубот кој во изминатите две сезони доминираше во Евролигата и ја освојуваше титулата, а сега е само со теоретски шанси за пласман во плејофот.

Моментално Ефес е на 11-тото место на табелата со биланс од 14 победи и 16 порази, а Жалгирис, кој е на последната позиција за влез во плејофот, има биланс од 15 победи и 14 порази. Литванскиот тим вечерва игра на гости кај Фенербахче, а Атаман не верува дека Ефес до крајот на лигашкиот дел ќе може да дојде барем до осмото место.

„Тоа е резимето на нашата сезона. Нема да играме во плејофот. Среќно на останатите екипи. Имавме шанса дуелот против Алба да го решиме во наша корист откако стигнавме на 19 поени негатива. Ја презедовме контролата на играта, а потоа, како што правевме во текот на целата сезона, промашувавме во клучните моменти. Сега 99 отсто ќе бидеме надвор од плејофот“, рече разочараниот Атаман.

- Оглас -

Најнови вести