Актуелниот шампион на Вимблдон падна на допинг и не игра на Австралија опен

Хуан Себастијан Кабал ќе мора да бара нов партнер за игра во машки двојки на Австралија опен, поради отсуство на Роберт Фарах.

Двајцата најдоброрангирани дубл играчи на АТП листата ќе мора привремено да се разделат во Мелбурн, бидејќи Фарах падна на допинг тест и нема да игра на првиот гренд-слем во сезоната.

Во октомври минатата година играа на турнир во Кали, Колумбија, а Фарах имал позтитивен допинг тест и користел забранета супстанца болденон.

Причина според Фарах е што конзумирал месо во кое ја има забранетата супстанца.

„Две недели претходно бев на допинг контрола во Шангај и наодот беше в ред, односно беше негативен. Тестиран сум најмалку 15 пати во 2019 година и секогаш тестовите беа во ред. И Олимпискиот комитет на Колумбија уште во 2018 година објави дека анаболичкиот стероид болденон се наоѓа во колумбиското месо и може да влијае допинг тестовите да бидат позитивни. Мирен сум и очекувам брзо да се вратам на тениските терени, бидејќи не сум направил ништо лошо и секако не со накаква намера да се допингувам“, изјави Фарах.

Тој И Кабал се еден од најдобрите тениски тандеми во игра на машки двојки, а лани освоија две од четирите престижни титули на гренд-слем турнирите. Славеа во Лондон на Вимблдон и во Њујорк на САД опен.

Турнирот во Мелбурн, кој традиционално е прв гренд-слем во сезоната ќе се игра од 20. јануари до 2. февруари.

- Оглас -

Најнови вести