Интер со двојна круна во Италија, ПСЖ е првак на Франција

Интер го освои Купот на Италија, во финалето во Рим беше подобар од Лацио со 2-0 и ја „лапна“ двојната круна на домашна сцена.

Вакво нешто Интер претходно имаше направено во 2009/2010 кога ја освоија и Лигата на шампионите, со Жозе Мурињо како тренер, а сегашниот тренер Кристијан Киву како играч.

Автоголот на Марушиќ и погодокот на Лаутаро во првото полувреме ја најавија победата на Интер. Сега Нераѕурите имаат 10 трофеи во Купот на Италија. Повеќе од нив има само Јувентус кој 15 пати ја освојувал Копа Италија.

Пари Сен Жермен на најубав можен начин си ја обезбеди новата шампионска титула во Франција. На гости го победија директниот конкурент Ленс со 2-0, и петта сезона по ред, а вкупно 14-ти пат се прваци на Франција.

- Оглас -

Најнови вести