Црвена ѕвезда шест година по ред освојува двојна круна во Србија. Вечерва многу тешко и со доза на среќа го освоија Купот на Србија. На белграѓани им требаа гол во 95-та минута за 2-2 и поуспешно изведување пенали да ја победат Војводина во финалето кое требаше да почне во 20, а заврши околу 23.35 часот.
Увертира беа навивачките нереди пред и во стадионот во Лозница, па следуваше шок и предност на Војводина од 2-0, но тимот на тренерот Дејан Станковиќ се извлече.
Пенал рулетот беше одлучен во шестата серија кога Матеус му го одбрани шутот на Џон Мери.

