Меѓусебниот дуел на Селтик и Хартс во последното коло ќе решава кој од овие два тима ќе биде првак на Шкотска. Ако победи Селтик, гигантот од Глазгов ќе се закити со нов трофеј, а со реми или победа на Хартс, тој тим после 66 години ќе ја освои титулата и ќе прекине 40-годишна „диктатура“ на Селтик и Ренџерс како единствени прваци од 1986 наваму.
Освен фановите на Селтик, сите други сметаат дека Селтик доби голема помош од судиите вечерва на гостувањето кај Мадервил каде победи со 3-2. Победничкиот гол на Ихеаначо во 95-та минута беше од пенал кој според многумина не требаше да се свирне. Судијата само 20 секунди гледаше снимка и не се знае дали виде прекршок или игра со рака за да покаже на белата точка.
Ако Селтик не победеше вечерва, во последното коло за титула ќе му требаше победа од минимум три гола разлика. Вака, било каков триумф им носи нов пехар во богатата колекција.
Motherwell and Hearts have been robbed off man! This was never a penalty! Repost if you agree #MOTCEL pic.twitter.com/D14rJ0vnfS
— The Final Whistle (@Rufus_45) May 13, 2026

