Комплетирано чудото: Валенсија оди на фајнал-фор, домаќинот Панатинаикос извиси

Валенсија ќе игра на фајнал-форот во Евролигата во Атина, откако на чудесен начин со 3-2 во победи го елиминираа Панатинаикос, тим кој имаше предност од 2-0 и никој не веруваше дека може да ја испушти. Вечерва во мајсторката, Валенсија го победи Панатинаикос со 81-64.

ПАО ќе ги боли тоа што Ф4 турнирот ќе се игра во нивната сала, а нив ќе ги нема и нема да имаат прилика за можно историско финале со Олимпијакос. Наместо тоа, Валенсија оди во Атина и во полуфиналето ќе се сретне со Реал Мадрид, додека Олимпијакос ќе игра со Фенербахче.

- Оглас -

Најнови вести