Ал-Наср е во проблеми, доби забрана за регистрирање на играчи

Екипата на Ал-Наср од Саудиска Арабија, во кој играат големите ѕвезди Кристијано Роналдо и Марсело Брозовиќ, доби забрана од ФИФА за регистрација на нови фудбалери, откако го загуби спорот со Лестер, но не ги уплати парите на сметката на клубот од Англија.

Станува збор за трансфер од пред пет години, кога Ахмед Муса од Лестер беше купен од Ал-Наср, но клубот од Саудиска Арабија не ги исплатил дополнителните бонуси кои се со износ од нешто помалку од половина милион евра.

Лестер спорот го однесе на суд и таму успеа да победи, но Ал-Наср се уште ги нема уплатено средствата, а тоа значеше и суспензија од страна на ФИФА.

Суспензијата ќе биде укината во моментот кога клубот од Саудиска Арабија ќе ги уплати парите на сметката на Лестер.

- Оглас -

Најнови вести