Иднината на Роберт Левандовски, одличниот напаѓач на Барселона, сѐ уште е неизвесна, со оглед дека наскоро му истекува договорот со клубот од „Камп ноу“.
Триесет и седумгодишниот голгетер има приоритет да остане во Барселона, но не е исклучена можноста да се пресели во Италија, каде што интерес покажуваат Интер, Милан и Јувентус.
Јувентус во моментов изгледа како најреална опција, особено поради неизвесноста околу Душан Влаховиќ, за кого се пишува дека е пред трансфер во Баерн Минхен.
Италијанските медиуми веќе откриваат која е сумата што ја побарал Полјакот од Старата дама. Станува збор за двегодишен договор, со плата од осум милиони евра по сезона.
Левандовски веќе ја одбил можноста за преселба во МЛС-лигата, но сè уште како опција се споменува Саудиска Арабија, што засега се појавува главно во полските медиуми.
Од Барселона се очекува понуда во наредните денови, но најавите се дека таа ќе биде со двојно помала плата од досегашната, по што полскиот голгетер ќе треба да донесе конечна одлука за тоа каде ќе ја продолжи кариерата.

