Феноменално прво полувреме во Париз: ПСЖ – Баерн 3:2 (Видео)

Пари Сен Жермен води со 3:2 против Баерн Минхен по првото полувреме од првиот дуел во полуфиналето од Лига на шампиони. Ќе се памтат овие 45 минути затоа што двата европски гиганти играат без никакви калкулации, многу офанзивно, а навивачите уживаат.

Баерн прв се израдува. Се играше 17 минута кога беше досуден пенал за гостите, а Хари Кејн не греши од такви позиции, па германскиот гигант поведе со 1:0. Погодокот на Кејн може да го видите ТУКА.

Потоа следуваше период во кој ПСЖ погодуваше. Во 24 минута Кварацкелија направи одличен продор и пласираше во долниот агол покрај немоќниот Мануел Нојер. Овој погодок за 1:1 може да го видите ТУКА.

Францускиот и актуелен европски првак потоа поведе и со 2:1. По еден изведен корнер, Невес со глава погоди за радост на домаќините. Овој погодок може да го видите ТУКА.

Тоа не беше крај на возбудувањата. Следуваше шоу на Олисе кој погоди за 2:2 во 41 минута и тој погодок може да го видите ТУКА.

Се играа последните секунди од првото полувреме кога по ВАР проверка беше досуден пенал за ПСЖ, а Дембеле погоди за 3:2 по првото полувреме.

 

- Оглас -

Најнови вести