Меѓународниот центар за спортски студии (CIES) објави рангирање на неевропските клубови според вкупната публика на социјалните медиуми (податоци од Facebook, Instagram, TikTok, X, и YouTube).
Бразилскиот клуб Фламенго е лидер во однос на следбениците со вкупно 71,6 милиони. На второто место со 66 милиони се најде Ал-Наср од Саудиска Арабија, чиј огромен пораст на популарност е поврзан со присуството на Кристијано Роналдо. Третото место го зазема египетскиот Ал-Ахли со 60,1 милиони, четвртото место го зазема Интер Мајами (во најголема мера благодарение на Лионел Меси) со 43,2 милиони, додека бразилски Коринтијанс ги заокружува првите 5 со 43,1 милиони.
Меѓу првите десет се најдоа и Ал-Хилал (Саудиска Арабија), Персиб Бандунг (Индонезија), Бока јуниорс (Аргентина), Ривер плејт (Аргентина) и Клуб Америка (Мексико).

