Ал-Наср и Ленс се договорија, Фофана се сели во Саудиска Арабија

Екипите на Ленс и Ал-Наср постигнаа договор околу трансферот на Секо Фофана во Саудиска Арабија. Обесштетувањето ќе изнесува 30 милиони евра, нешто помалку од моменталната вредност на фудбалерот според Трансфермаркет.

Според информациите на француските медиуми договорени се и личните услови на репрезентативецот на Брегот на слоновата коска во арапите и наскоро се очекува и официјално да биде објавен трансферот на Фофана во Ал-Наср.

Ленс го купи Фофана од Удинезе за 8.5 милиони евра пред три години, а фудбалерот кој е роден во Париз претходно настапуваше и за Бастија, Фулам, младинците на Манчестер Сити и младинците на Лориен.

- Оглас -

Најнови вести