Ал-Наср на Роналдо во следната сезона ќе носи дресови на „Најки“!

Саудискиот клуб Ал-Наср, чиј член е мегаѕвездата Кристијано Роналдо, во следната сезона ќе носи дресови од прозведувачот на спортска опрема „Најки“.

Од Ал-Наср информираа дека логото на „Најки“ на дресовите ќе го вметнат уште на крајот на месецов, кога тимот ќе замине на турнеја во Јапонија.

Од 2022, Ал-Наср носеше дресот на локалниот бренд „Дунеус“, но присуството на Роналдо е магнет за спонзорите. Клубот и во минатото (од 1997 до 2001 и од 2010 до 2012) има носено дресови на „Најки“.

- Оглас -

Најнови вести