Ал-Наср сака Канте да му стане соиграч на Роналдо

Тимот за кој настапува Кристијано Роналдо, Ал-Наст е подготвен да му понуди долгогодишен договор на фудбалерот на Челси, Нголо Канте, кој би заработувал по 100 милиони евра по сезона, објави новинарот Фабрицио Романо.

Договорот на Канте со Сините истекува на крајот од месецов и сите обиди на Челси да потпише нов договор пропаднаа бидејќи францускиот репрезентативец не сака да слушн за такво нешто.

Според Романо, претставници на Ал-Наср заминале во Англија на преговори со Канте и си себе носат договор со кој на фудбалерот му се нудат 100 милиони евра по сезона. Во оваа сума се пресметани и правата на фотографиите со ликот на фудбалерот.

- Оглас -

Најнови вести