Алаба повторно славеше во свој стил, со столче во рака (Видео)

Реал Мадрид синоќа повторно се врати од мртвите и извојува голема победа на гостувањето кај Севилја, правејќи огромен чекор кон титула во шпанското првенство.

По негативата од 0-2 на полувреме, работите изгледаа добро за Кралскиот клуб, но резервистите Родриго и Начо го најавија пресвртот, а победата ја донесе Бензема во судиското продолжение. Славењето на мадриѓаните беше големо, свесни се за значењето на овој триумф, а во соблекувалната најоригинален начин на прослава имаше Давид Алаба, со столче во рака.

Австриецот ваквиот начин на прослава го „патентираше“ против Пари Сен Жермен, кога Реал исто така направи пресврт за паметење.

- Оглас -

Најнови вести