Аланија од денеска е зимската база на Вардар

Вардар од денеска ќе се подготвува во Аланија, а „црвено-црните“ си закажаа четири тест-натпревари кои ќе ги почнат на 19-ти јануари. Предвидено е да има уште три контролни дуели, а имињата на противниците ќе се знаат деновиве.

Во главниот дел од подготовките, Вардар ќе игра со Иртиш од Казахстан на 19-ти јануари, потоа следува меч против Сумгаит од Азербејџан на 22-ри јануари, следниот тест е четири дена подоцна, но против кого ќе се знае при пристигнувањето во Аланија.

На 28-ми јануари на ред е пријателски дуел со Александрија од Украина, за 30-ти јануари се бара ривал, а сигурно е дека ќе се игра со Ботев на втори февруари и следниот ден со уште еден противник, кој ќе биде дополнително познат.

Враќањето е на четврти февруари, а пролетниот дел од шампионатот за Вардар почнува со големото дерби во Тетово, против лидерот Шкендија на 17-ти февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести