Аларм во Барселона: Сетјен остана без стопери

Шпанскиот првак се врати со три бода од незгодното гостување во Андалузија, но и со големи проблеми. Барселона скапо ја плати победата од 3-2 против Бетис, со црвениот картон на Ленгле, но и со повредата на Самуел Умтити на истото колено поради кое отсуствуваше долг период. Како што пренесуваат шпанските медиуми, францускиот дефанзивец почувствувал болки по мечот, па затоа не се појавил на утринскиот тренинг.

Покрај Умтити, тренингот го пропуштил и Пике, кој вчерашната средба ја проследи од трибините поради суспензија. И искусниот Пике наводно има проблеми со некаква повреда, па додека не се одреди конкретно време на отсуство, тренерот Сетјен ќе мора да крои планови како да ја скрпи одбраната за дуелот против Хетафе следната сабота.

Ленгле сигурно е надвор од комбинација поради црвениот картон, а прашање е дали Пике и Умтити ќе бидат во можност да ѝ помогнат на екипата. Исто така треба да се земе предвид дека се наближува дуелот против Наполи и Елиф Елмас во осминафиналето од ЛШ, во којшто Барселона прво ќе гостува на „Сан Паоло“ на 25 февруари, пред реваншот на „Камп ноу“.

- Оглас -

Најнови вести