Аларм во Бундеслигата, комплетен тим заминува во карантин

Со најмалку петмина позитивни на корона-вирусот, комплетниот тим на германскиот бундеслигаш Хофенхајм од денеска е во карантин. Ова е прв случај еден германски клуб да биде во карантин по пауза од јули.

Вкупно четворица фудбалери и еден член на стручниот штаб се позитивни на последното тестирање. Челниците на Хофенхајм не може да откријат како се случило нагло да има толку заразени од опасниот вирус.

„Не можеме да ја објасниме таа нагла експлозија, со оглед на тоа дека со месеци строго внимававме и се придржувавме на здравствените протоколи и за време на последните неколку месеци поминавме без ниту еден позитивен на корона-вирусот“, вели спортскиот директор на клубот, Александер Росен.

 

- Оглас -

Најнови вести