Алашкерт лесно ги скроти Лавовите од Ѓорче Петров со нова убедлива победа од 3:0

Македонија Ѓорче Петров по долг период се врати на европската сцена, но камбекот беше неуспешен, со два порази од Алашкерт.

Денеска во реванш-дуелот од осминафиналната рунда за настап во Лигата на Европа, Ерменците беа супериорни на теренот на ФФМ во Скопје и славеа со 3:0. Со победата од првиот меч од 3:1 и со вкупен резултат од 6:1 играчите на Алашкерт на убедлив начин го добија двомечот со популарните Лавови.

Урош Ненадовиќ со гол во 21-вата минута минута ги згасна речиси сите надежи за подвиг на ѓорчепетровци, а печат на новата победа на Алашкерт ставија Галвао и Восканјан со голови во второто полувреме.

Од 19 часот Академија Пандев му гостува на Зрињски во Мостар, по поразот дома од 0:3, а Шкупи од 20.30 часот во Скопје ќе се обиде да го елиминира Пјуник, по ремито во Еревена со 3:3.

 

- Оглас -

Најнови вести