Алба почна да тренира, но нема да игра на Ел Класико, Пике е подготвен

Левиот бек на Барселона, Жорди Алба, денеска истрча на теренот и одработи дел од тренингот со екипата, па најави дека се ближи неговото враќање, но тоа нема да се случи на дербито в недела против Реал Мадрид. Целта на Барса е да го имаат Алба на располагање следниот викенд, на 7 март, кога ќе се сретнат со Реал Сосиедад.

Добра вест за Каталонците е и тоа што Жарарт Пике тренираше нормално и сигурно ќе се најде во тимот, откако претходните денови паузираше поради ситна повреда која ја здоби на средбата со Наполи.

- Оглас -

Најнови вести