Фудбалската репрезентација на Гибралтар испиша историски триумф откако на свој терен, со 4:0 славеше над Британските Дествени острови во контролен дуел. Интересно е дека ова беше пресметка на две селекции кои се меѓу најлошо рангирани на ФИФА листата. Гибралтар е на 203 место, додека Британските Девствени Острови се на 208-мото место на ФИФА-листата на која има вкупно 211 селекции.
За Гибралтар ова е најубедлива победа во нивната историја и првпат постигнуваат четири погодоци. Досега најубедлиниот триумф го имаа против Лихтенштајн со 2:0 во контролен дуел одигран во 2022 година.
FULL-TIME | Gibraltar beat British Virgin Islands 4-0 at Europa Point Stadium, the perfect send off for the legend Lee Casciaro in his final game 🇬🇮 pic.twitter.com/NjQUdZ9O83
— Gibraltar FA (@GibraltarFA) June 3, 2026
Уште од почетокот на мечот, Гибралтар ја презеде контролата на играта и го одигра најефикасното прво полувреме во нивната историја. Во 11-тата минута гостите си постигнаа автогол, а до крајот на првиот дел Гибралтар водеше со 3:0. Во 64-тата минута Гибралтар постигна и четврти погодок за комплетирање на фантастичниот резултат и триумфот за историја на фудбалската репрезентација на Гибралтар.

