Французите ја утнаа албанската химна, па им се „извинија“ со два гола (Видео)

Албанците останаа зачудени при интонирањето на химните пред мечот со Франција, откако домаќините комплетно им ја утнаа химната на „Сент Дени“ во Париз.

Гостите и нивните навивачи реагираа веднаш и чекаа да се корегира грешката пред мечот. На терен француските репрезентативци доминираа и со головите на Коман и на Жиру им дадоа на знаење на Албанците кој е фаворит.

Можеше да биде и поубедливо, но Антоан Гризман промаши пенал во 37. минута, кога со силен удар ја погоди пречката на голот на Стракоша.

https://twitter.com/kloppoynwa/status/1170409984624156677

- Оглас -

Најнови вести