Алегри: Дибала има еден голем проблем, споредбите со Меси

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, смета дека споредбите со Лионел Меси негативно влијаат врз Пауло Дибала и додава дека Дибала треба да се фокусира на самиот себеси, а не да се обидува да биде како Меси.

Аргентинецот Дибала летово како слободен агент ќе си оди од Јувентус, а под тренерската палка на Алегри има одиграно 221 меч, повеќе отколку за кој било друг стручњак.

„Дибала мора да се пронајде себеси. Тој има проблем од моментот кога почнаа да го нарекуваат новиот Меси. Треба да биде Дибала, а не Меси. Може уште многу да даде во фудбалска смисла. Има одлични технички квалитети, но мора да се фокусира и на менталниот дел“, вели Алегри.

Дибала дојде во Јуве во 2015 година од Палермо.

- Оглас -

Најнови вести