Алегри: “Му кажав на раководството што мислам, не знам другите што имаат во глава“

Екипата на Јувентус е на чекор да обезбеди пласман во Лигата на шампионите за следната сезона, но се уште ги боли поразот од Севиља и елиминацијата од Лигата на Европа. Тренерот Максимилијано Алегри вели дека сака да остане во Јувентус, но раководството го има последниот збор.

– “Најпрво мораме да го одбраниме второто место на табелата. Математички, потребни ни се уште три бодови за да завршиме меѓу најдобрите четири екипи. За се останато не можеме да направиме ништо. Психички сме добри цела сезона, мора така и да продолжиме.“ – вели Алегри.

Тренерот на Јувентус не крие дека неговите планови се поврзани само со “старата дама“ и нема намера да си замине.

– “Разговарав со раководството на клубот и им го кажав моето мислење. Нема поента сега да зборуваме за иднината кога не очекуваат важни натпревари. Имам уште две години од договорот. Што се однесува до мене, останувам сигурно. Чувствувам дека клубот ми верува. Разочаран сум што не ги освоивме Купот на Италија и Лигата на Европа, но на табелата сме на второто место. Над нас е само Наполи.“ – изјави Алегри на новинарско прашање дали ќе си оди од Јувентус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести