Арсенал води со 1-0 против Атлетико Мадрид по првото полувреме на реванш-дуелот од фудбалската Лига на шампиони, а стрелец беше Букајо Сака, кој ја смести топката во гол по одбиената на Облак откако шутна Тросар.
Интересно е дека Арсенал и на првиот меч во Мадрид поведе 1-0 во истата 44-та минута, тогаш со пеналот на Виктор Ѓокереш.
За Сака ова е трет гол сезонава во ЛШ, а прв од ноември наваму. Крилото на стадионот „Емирејтс“ има 14 директни придонеси во голови (9 гола и 5 асистенции) на 14 меча во ЛШ.

