Барди со гол во 98-мата минута го однесе Коњаспор во финалето на турскиот Куп (Видео)

Коњаспор ќе игра во финалето на фудбалскиот Куп на Турција благодарение на Енис Барди и неговиот гол од пенал во 98-мата минута за победа во полуфиналето од 1-0 против Бешикташ, и тоа на гости во Истанбул. Во финалето, ривал на Коњаспор ќе бидат Генчлербирлиги или Трабзонспор.

Судијата досуди пенал по консултација со ВАР-собата, а Барди ја презеде одговорноста и успешно го реализира пеналот за огромна радост.

- Оглас -

Најнови вести