Ќе биде тешко, но Вардар продолжува да сонува

Вардар 1961 има предност од 17-12 по првото полувреме против Монпелје во реванш четвртфиналето на Европската лига.

На првиот меч пред една недела, Монпелје на полувреме водеше со само два гола разлика, на крај триумфираше со плус 10, па тоа треба да биде мотив за Црвено-црните дека може да направат чудо во второто полувреме.

Овие пет гола предност се највисоката предност на Вардар. Проблем е што беше исклучен Митровиќ, па македонскиот тим ќе има една квалитетна опција помалку во ротацијата.

- Оглас -

Најнови вести