Алегри со предупредување пред мечот против Јанг бојс

Јувентус против Јанг бојс и Хофенхајм во дуелот против Манчестер сити се двата меча кои ќе почнат во 18.55 часот, а со тоа ќе стартува и второто коло од Лигата на шампиони. „Старата дама“ веќе има три бода по победата на гости кај Валенсија, а сега се очекува триумфалната низа да продолжи и по мечот против Јанг бојс. Швајцарците се аутсајдери на хартија, но на теренот може да бидат многу опасни. Тоа го знае и тренерот на Јуве, Масимилијано Алегри.

„Мора да го почитуваме Јанг бојс како тим. Имаат одличен тренер и сезонава веќе имаат многу победи. Играат добро на долги топки, физички се многу добро подготвени и доминираат на тоа поле. Затоа мора да бидеме многу внимателни“, вели Алегри, кој потенцираше дека неговите играчи на последниот меч во Серија А против Наполи престанале да трчаат во последните 20 минути.

Јувентус на овој меч ќе ја има поддршката од домашните фанови, но на теренот ќе го нема Кристијано Роналдо, кој мора да ја одлежи суспензијата која ја заработи по добиениот директен црвен картон на мечот против Валенсија.

 

- Оглас -

Најнови вести