Алекс Морган и во седмиот месец од бременоста тренира како останатите (Видео)

Како може да биде толку добра во седмиот месец од бременоста, се прашуваат многумина откако видоа снимка како фудбалерката Алекс Морган тренира со останатите од репрезентацијата на САД, која се подготвува за меч со Мексико од квалификациите за Олимписките игри.

Напаѓачот Морган, која има дадено над 100 гола за САД и во април треба да се породи, најави дека уште во мај ќе почне со нормални тренинзи со цел да биде подготвена за олимпискиот турнир во Токио во август.

Работата со нозете на Морган е импресивна, а селекторот на женската репрезентација на САД, Македонецот Влатко Андоновски, не ја исклучи можноста Алекс да биде во тимот во Токио, секако доколку утревечер го победат Мексико и се пласираат на ОИ.

 

- Оглас -

Најнови вести