Алекс Морган со контроверзен потег и политичка порака „им објави војна“ на Англичаните

Социјалните мрежи вриеја синоќа откако најдобрата американска фудбалерка Алекс Морган по постигнатиот гол за 2-1 против Англија во полуфиналето на Светското првенство за жени, прослави на начин кој не им се допадна на Англичаните.

Морган симулираше пиење голтка англиски чај, а освен што сакаше да покаже дека ги испила Англичаните, тоа се случи на два дена пред 4 јули, празникот на кој во САД се слави независноста од Британија.

Многумина Англичани сметаат дека имало многу други начини на кои Морган можеше да прослави, особено што вчера ѝ беше роденден. За останатите, прославата била симпатична и на губитниците им порачуваат дека не треба да плачат, туку да го признаат поразот и малку подобро да го разбираат странскиот хумор.

https://www.youtube.com/watch?v=0lfDoqP94LE

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести