Дефанзивецот на Ливерпул и репрезентацијата на Англија, Трент Александер-Арнолд, ангажирал телохранител за да го заштити од навивачка која го демне и бара да спие со него.
Фудбалерот цела година има проблем со оваа девојка, која го следела до базата во Ливерпул и до стадионот „Енфилд“, до неговиот омилен ресторан, па дури била и во неговиот дом.
Трент се обидел сам да се ослободи од постојаната вознемиреност со инсталирање на нови системи за видео надзор со аларми, менување телефонски броеви и електронска пошта, каде често добивал непристојни пораки. Ништо не помогнало, сега ангажирал приватно обезбедување. Од полицијата добил препораки да не ја прикажува својата локација и рути на патување на социјалните мрежи.
Клубот е запознат со ситуацијата и колку може му пружа помош на играчот.