Алексис пристигна во Милано на прегледи (видео)

Најлошото засилување во историјата на Манчестер јунајтед, Алексис Санчес, пристигна во Милано каде што треба да ги помине медицинските прегледи пред да го стави посписот на договорот со Интер. Чилеанецот оваа сезона ќе игра на „Џузепе Меаца“ како позајмен играч, а двата клубови по пола ќе ја исплаќаат неговата енормна плата од 450.000 фунти неделно.

Црвените ѓаволи конечно се ослободија од животната грешка која ги чини богатство, а доколку Санчес доигра солидна сезона, Интер ќе може и во целост да го откупи.

Поранешната ѕвезда на Арсенал и Барселона,  со беше пречекан од страна на група навивали на гигантот од Милано. Следуваат прегледи, потоа потпис и официјална презентација на Санчес во сино-црниот дрес.

Чилеанецот едноставно не ја доби вистинската шанса на „Олд Трафорд“, а менаџерот Оле Гунар Солскјер најави дека нема да смета на неговите услуги, иако се работи за играчот со најголема плата во клубот .Амбициозниот Интер успеа да ги спои Санчес и Лукаку, кои до неодамна и двајцата ги бране црвените бои на англискиот гигант, но ниту ексиграчот на Арсенал, а ниту екснапаѓачот на Челзи може да се пофалат со успешна кариера „Олд трафорд“.

- Оглас -

Најнови вести