Алексис Санчес го достигна дното

Алексис Санчес имаше солиден настап за чилеанската репрезентација на Копа Америка, по што се чинеше дека конечно ќе може да си ја спаси кариерата во редовите на Манчестер јунајтед. Но, како што стојат работите, на Санчес ќе му беше подобро да си останеше во родната земја.

Англиските медуми информираат дека Чилеанецот добил задача од Црвените ѓаволи да си најде нов клуб до крајот на летниот преоден рок или во спротивно ќе биде преместен во резервниот тим на Јунајтед. Помина една и пол година откако Санчес го облече дресот на најтрофениот англиски клуб и стана најплатен фудбалер во Премиер лигата, но од оние 450.000 фунти кои ги заработува неделено не оправда ниту цент.

Оле Гунар Солскјер во ниту еден момент не смета на услугите на ексфудбалерот на Арсенал и Барселона, додека челниците на клубот сметаат дека со преместувањето во резервниот тим ќе го натераат Санчес поактивно да бара нов клуб.

Од него се очекуваа големи нешта, но Санчес дефинитивно го достигна дното.

- Оглас -

Најнови вести