Ален едвај ја победи жената поради која сакаше да се убие, таа одби да му подаде рака (Видео)

На отворањето на Британскиот снукер опен турнир, Марк Ален во драматичен меч со 3:2 ја победи Рене Еванс. Не само по резултатот, туку и поради историјата на двајцата играчи, овој меч го доби приматот за дерби на колото.

Ален и Еванс во минатото беа во љубовна врска, а имаат и 14-годишна ќерка. Сепак, по неколку години заеднички живот, Еванс реши да му раскине на Ален. Тоа беше голем удар за Ален кој падна во депресија, се повлече од професионалното играње и некое време беше буквално „аут“, а најстрашно е тоа што сакал дури и да се убие по раскинувањето на врската.

Речиси пред еден месец беше направена ждрепката за првото коло на Бритиш Опен и со нетрпение се чекаше дуелот на поранешниот љубовен пар. Пред почетокот на мечот, Ален тргна да се поздрави со противнкот, што е вообичаено, но Еванс одби да му подаде рака, што наиде на негодување кај публиката.

Ова е првпат Ален и Еванс да играат меѓу себе, а на крајот Марк славеше со 3:2.

„Таа играше многу подобро од мене, но јас успеав да направам одличен брејк за победа. Успеваше да погоди некои неверојатни топки и навистина немаше среќа да го добие мечот со 3:1. Беше ужасно да се игра против неа. Тоа е нешто низ кое не сакам често да поминувам, но морав да издржам и да останам професионалец колку што можам повеќе. Мислам дека добро го направив тоа“, рече Ален по мечот.

Британскиот снукер опен се врати во календарот по пауза од 17 години, а турнирот се игра во Лестер.

- Оглас -

Најнови вести