Легендата на Јувентус и на италијанската репрезентација, Алесандро дел Пјеро неочекувано се најде во болница поради проблеми со камен во бубрег. Дел Пјеро во 2014 година стави крај на професионалната кариера, а сега живее во Лос Анџелес, каде и бил хоспитализиран.
Дел Пјеро со Јувентус освои 14 големи трофеи, а во 2006 година беше дел и од златната генерација на Италија која го освои Мундијалот во Германија.
За среќа, проблемите се каменот во бубрег брзо биле решени со хируршки зафат, а самиот Дел Пјеро со објава на социјалните мрежи потврди дека е во ред.
„Уште не можам да верувам дека нешто што е само три милиметри може да ми направи толку големи проблеми“, напиша Дел Пјеро со слика како лежи во болничкиот кревет.
View this post on Instagram