Алеш Пајовиќ: Рецепт за победа против Македонија? Па се знае, треба да се сопре Кирил Лазаров

Алеш Пајовиќ нема многу дилеми пред утрешниот дуел меѓу Австрија и Македонија и вели дека рецептот за победа на домашната селекција е јасен, треба да се сопре Кирил Лазаров.

„Против Македонија се знае што треба да се направи. Клучно е да се сопре Кирил Лазаров. Тој е една од живите легенди на ракометот и ќе мораме да одиграме многу подобро против него отколку што тоа го сторија Украинците и Чесите. Ќе мора да внимаваме и на Стојанче Стоилов, кој е искусен ракометар со две титули во Лигата на шампионите со Вардар. Македонците знаат да одиграат одлично во одбрана во формација 5-1 и на тоа ќе треба да внимаваме“, изјави селекторот на Австрија.

Домаќините се во подобра позиција од нас, имаат две победи и им одговара и реми, но потенцираат дека и немаат добар биланс против Македонија. Имаат само една победа и три порази, па нагласуваат дека и сега Македонија е фаворит.

„Немаме добар биланс со нив и очекувам голема битка за секој гол. Се надевам дека овојпат ние ќе се радуваме“, вели Јанко Божовиќ, вториот најефикасен ракометар на Австрија на ова првенство и поранешен член на македонски Металург.

 

- Оглас -

Најнови вести