Алфонсо Дејвис направи крваво селфи и ги покажа забите откако доби копачка в лице (Фото)

Ѕвездата на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, се здоби со повреда за време на дуелот со Мајнц кој Баварците го добија со 8-1, и мораше да го напушти теренот во 18-тата минута од средбата, веднаш после ударот кој го доби од противничкиот капитен Силван Видмер.

Видмер го закачи Дејвис со копачка во пределот на устата и Канаѓанецот не можеше да продолжи. Тој веднаш заминал на стоматолог, со надеж дека повредените заби ќе му бидат спасени. Првите информации беа дека има скршени два заба.

Инаку, левиот бек си направи и едно селфи и покажа какво е оштетувањето на забите после дуелот со Видмер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести