Али повторно го пропушта стартот на сезоната

Креативецот на Тотенхем Деле Али, ќе го пропушти стартот на сезоната во Премиер лигата откако се здоби со нова повреда на задната ложа. Англичанецот се повреди пред неколку дена во дуелот против Баерн Минхен, а менаџерот Маурисио Покетино по денешната контролка против Интер ја потврди лошата вест.

Засега не се знае колку точно Али ќе паузира, но аргентинскиот стратег не ќе може да смета на него во премиерното коло против Астон Вила, меч кој е закажан на 10 август, сабота, а можно е да го пропушти и дербито против Манчестер сити кое е предвидено за седум дена подоцна.

„Секако дека сум загрижен, Деле се мачи со повреда на истото место од делот на телото веќе неколку години. Тој е уште млад, застрашувачки е фактот што една повреда на исто место може да му наштети на кариерата, иако оваа не е сериозна како претходните“, вели Покетино.

Али поради исти причини го пропушти стартот и на минатата сезона и не беше во составот на Петлите во првите девет меча, а повредата ја обнови во јануари годинава во меч против Фулам, поради која пропушти дополнителни 12 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести