Алиоски дебитираше во меч на кој се испиша историја во Премиер лигата!

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски го одигра првиот меч во англиската Премиер лига, откако ги одигра последните 20-тина минути во победата на Лидс против Фулам со 4:3. Популарниот Џани во игра влезе откако беа постигнати сите седум гола и главна задача за домаќините беше да ја задржат предноста, која по 60 минути игра беше три гола (Лидс водеше со 4:1).

На овој меч Лидс постави своевиден рекорд во Премиер лигата. Цели 58 години во елитната англиска лига се немаше случено во првите два меча на еден тим да има дури 14 погодоци. Колку за потсетување, Лидс во првото коло загуби со 4:3 на гости кај Ливерпул, а сега со ист резултат се радува против Фулам.

Последен тим на чии воведни два меча паднале 14 гола е Вулверхемптон и тоа во далечната 1962/63. Тогаш Волците дале 12, а примиле два гола во првите две кола.

Дуелот во Лидс не е единствен кој денеска заврши со 7+ во Премиер лигата. Попладнево Евертон со 5:2 славеше над Вест Бромвич Албион, па Карамелите имаат максимални шест бода по првите две кола.

 

- Оглас -

Најнови вести