Алиоски дели асистенции како од шега во Саудиска Арабија (ВИДЕО)

Езџан Алиоски забележа нова аситенција за својот тим Ал Ахли во ремито против Ал Хилал од 1:1. Македонскиот репрезентативец, трет натпревар по ред за својот тим има додавање по кое паѓа гол, а овојпат „жртва“ беше актуелниот првак на оваа држава.

Успешен реализатор на додавањето на Џани беше Абдулрахман Гареб во 72. минута, со што беше поставен конечниот резултат, откако гостите поведоа со голот на Салем Ал Давсари (10′).

Со овој бод, Ал Ахли сега стигна до бројката од 12 и е на делба на деветтото место по 10 одиграни натпревари.

 

- Оглас -

Најнови вести