Алиоски е блиску до договор со саудиски Ал Ахли!

Македонскиот репрезентативен лев бек, Езџан Алиоски, е на пат да замине на печалба во Саудиска Арабија, и да потпише двегодишен договор со клубот Ал Ахли од Џеда. Алиоски во минатата сезона играше во Премиерлигата за Лидс, и откако не се договори со турските гиганти, најверојатно ќе ја прифати финансиски најдобрата понуда, која е од Ал Ахли.

Според најавите, Алиоски ќе има плата од 1,5 милиони евра по сезона, плус бонус за потпис од 1 милион евра.

Ал Ахли пред неколку дена потпиша со Бразилецот Паулињо, кој пред неколку сезони го носеше дресот на Барселона, а потоа настапуваше во Кина.

 

- Оглас -

Најнови вести