Алиоски е брилијантен – Кога не дава голови, асистенциите му се заштитен знак (Видео)

Езџан Алиоски игра во топ-форма сезонава, а особено е добар во финишот на годината, што го потврди и денеска со прекрасна асистенција на мечот во Бирмингем.

Лидс води со 2:1, а токму нашиот репрезентативец беше асистент за вториот гол на Лидс, со кој клубот од Јоркшир поведе со 2:1 против Бирмингем. Моментно резултатот на мечот што се игра на „Сент Ендрјуз“ е 2:2.

Алиоски досега има постигнато пет гола за Лидс и сега има и две асистенции што е одличен учинок за играч што игра како бек.

Со учинокот од пет гола Алиоски е втор стрелец на Лидс, зад Бамфорд кој 10 пати беше прецизен.

 

https://twitter.com/zwoddeytb/status/1211308217210408966?s=20

- Оглас -

Најнови вести