Алиоски и Лидс газат кон Премиер лига, Динамо ќе слави титула

Лидс – Виган (16 ч.)

Ништо освен победа не го интересира Лидс во дуелот со Виган. Тимот во којшто игра и македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски не смее да ја пропушти шансата да обезбеди директен пласман во Премиер лигата. Лидс има дури 40 бода повеќе од Виган, но гостите не се предаваат бидејќи се на чекор од зоната за испаѓање.

Во есенскиот дел, Лидс на гости победи со 2-1, а сега дома треба да ја потврдат силата. Лидс е тимот со најмногу бодови освоени на домашен терен, а Виган е најслаб тим по бројот на бодови освоени на гости.

Предлог тип: 1Х&3-5 (2.10) – квота на денот во Sport Life

 

Лион – Анже (20:45 ч.)

Лион е со една цел до крајот на првенството, а тоа е да го задржи третото место на табелата, кое води во квалификациите за Лигата на шампионите. Анже не може ниту да испадне, ниту да оди во Европа, па ќе игра релаксирано. Во последните шест меча, Анже има пет ремија и една победа, но сега е аутсајдер против Лион, кому многу му се попотребни бодовите.

Во седумте меѓусебни средби, Лион има три победи, три ремија и само еден пораз од Анже.

Предлог тип: 1-1&2+ (2.20) – квота на денот во Sport Life

 

Алавес – Валјадолид (21 ч.)

Важен меч за двата тима. Алавес сака да обезбеди излез во Европа, а Валјадолид е во зоната за испаѓање, но има уште реални шанси да се спаси.

Алавес влезе во лоша серија и има три победи и едно реми во последните четири средби. На домашен терен има само два порази во 15 средби, а Валјадолид не е тим од кој реално треба да се плашат. Сепак, гостите мора да бркаат барем бод. Ова треба да е меч без многу калкулации, што значи дека би требало да има и погодоци.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.20) – квота на денот во Sport Life

 

Славен Белупо – Динамо Загреб (19 ч.)

Динамо замина на гостување кај Славен Белупо само со една цел, да ги освои трите бода, што ќе значи и математички освојување на титулата. „Модрите“ имаат дури 20 бода повеќе од второпласираната Риека, па со победа против Славен, најтрофејниот клуб во Хрватска, ќе се радува на уште еден пехар.

Нема дилеми дека вечерва ќе има шампионско славење против тимот кој теоретски уште не е спасен од испаѓање.

Предлог тип: 2&2-3 (2.50)

 

Дери сити – Шемрок роверс (20:45 ч.)

Дуел на два тима кои се во победнички ритам. Домаќините имаат пет победи по ред, додека Шемрок е со седум триумфи во последните осум средби. Токму затоа и се наоѓа на челните две позиции во првенството на Ирска. Шемрок е убедлив лидер со 28 бода од можните 33 по 11 средби, додека Дери сити има 20 бодови досега.

Двата тима се офанзивно настроени, па сигурно ќе има и погодоци, но фаворитската улога сепак е за гостите.

Предлог тип: Х2&2-4 (1.98)

- Оглас -

Најнови вести