Македонските репрезентативци Езџан Алиоски и Горан Пандев, на мечот со Украина влегоа во историјата на европските првенства, како први фудбалери кои имаат направено нешто што не е видено досега.
Алиоски стана прв играч во историјата кој дал гол на ЕП, после одбиена топка по нереализиран пенал. Инаку, ова беше прв меч во историјатот на европските шампионати на кој двете селекции утнале пенал.
Пандев со 37 години и 325 дена, стана најстар фудбалер кој изнудил пенал на меч од Европско првенство. Досега највозрасен фудбалер врз кој бил направен пенал на ЕП беше Французинот Патрис Евра, со 35 години и 53 дена.